ЦСКА Москва подобра од Зенит во руското дерби, победи за „мечките“ од Чехов и Перм

Изминатите три дена се одиграа натпреварите од третото коло на дивизијата „Исток“ во регионалната СЕХА лига.

Шампионот на Русија, ЦСКА Москва беше подобра во дербито од Зенит и славеше со 28-23. Данил Шишкарев даде два гола за домашните, додека Дмитри Кисељов беше стрелец на осум гола за гостите од Санкт Петербург.

Победи остварија и двете руски екипи кои имаа белоруски ривали на гостински терен.

Чеховски Медведи беа подобри на гостувањето во Могилев кај Машека со 37-29, додека Пермски Медведи славеа кај Гомел со 29-25.

Од третото коло треба да се одигра уште средбата меѓу Ајст Китаја и СКА Минск, која беше одложена.