Се пополнуваат местата во Париз: Ангола обезбеди место на Олимписките игри

Изминатиот викенд заврши квалификацискиот турнир на Африканскиот континент за пласман на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Во Луанда, женската репрезентација на Ангола го освои првото место на овој турнир во конкуренција на уште три селекции.

Во последното коло, кое практично беше финале, Ангола го победи составот на Камерун со 27-21. Претходно Анголките триумфираа против Сенегел, 22-21, додека во втората рунда го совладаа Конго со 30-15.

Тие се четвртиот познат учесник на ОИ следното лето. Таму веќе се пласирани домаќинот Франција, европскиот првак Норвешка, како и Јужна Кореја која го освои квалификацискиот турнир во Азија.

До крајот на годинава ќе бидат познати уште два учесника – победникот на СП 2023 и освојувачот на трофејот на Пан Американските игри. Останати шест ќе бидат познати по квалификациските турнир во март 2024 година, на кои ќе играат 12 селекции од сите континенти.