Мицевска: Се надевам дека ќе ја израдуваме македонската јавност

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска го имаше единствениот тренинг пред заминувањето за Баку.

Ракометарките на Кристијан Грчевски na 3 април против Азербејџан ќе го одиграат претпоследниот квалификациски дуел за пласман на ЕП.

Голманката на Македонија, Јована Мицевска, се надева на остварување на посакуваната цел.

,,Атмосфера е одлична, девојките се во одлична форма, изминатиот период имавме некои задачи кои се надевам дека ќе ги испочитуваме и ќе си го олесниме патот за ЕП, имаме само позитивни мисли, а тоа се две победи, против Азербејџан и Литванија, се надевам дека ќе дадеме сѐ од себе за да победиме и да имаме еден континуитет на таквите натпреварувања. Верувам дека Азербејџан ќе бидат мотивирани против нас, бидејќи остварија една победа, играат на домашен терен, а ние сме подготвени и верувам дека ќе ја израдуваме цела македонска јавност”, изјави Мицевска за 24Ракомет.

Македонија на 7 април против Литванија во Скопје ќе го заврши настапот на квалификацискиот циклус.

Нашата репрезентација практично е пласирана на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Слободен влез за дуелот со Литванија – ќе се слави пласман на ЕП