Слободен влез за дуелот со Литванија – ќе се слави пласман на ЕП

Женската сениорска репрезентација на Македонија во недела ќе го заврши квалификацискиот циклус за Европското првенство 2024.

Избраничките на Кристијан Грчевски за последен ривал од квалификациите ја имаат репрезентацијата на Литванија.

Пред дуелот со балтичката земја, македонската репрезентација на 3 април ќе се соочи со Азербејџан во Баку.

Македонија практично е пласирана на Европското првенство и на неделниот дуел против Литванија ќе се слави пласманот на континенталниот собир.

Натпреварот со Литванија ќе се одигра на 7 април со почеток од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а влезот за сите љубители е слободен.

Европското првенство 2024 ќе се одржува во три земји – Швајцарија, Австрија и Унгарија.

Нашата репрезентација последното учество на Европските првенства го имаше во 2022, кога беше еден од организаторите заедно со Словенија и Црна Гора.