Тимот на Слатина, каде што игра македонското трио – Јована Саздовска, Јована Мицевска и Ивана Гакидова, загуби на гости кај Глорија Бузау во романскиот шампионат.
Во натпреварот од 12 коло, Слатина парираше во првиот дел и имаше минимална негатива, 18-17, но во вториот дел домаќинот доминираше на теренот.
Меѓу светлите точки во тимот на Слатина беше македонската репрезентативка Јована Саздовска, која постигна пет голови од пет обиди во противничката мрежа.
Голманката Јована Мицевска запиша четири одбрани од 19 упатени шута кон нејзиниот гол, додека Ивана Гакидова се уште е повредена и не беше во составот.
Во следното коло на 5 јануари ќе има „македонски“ двобој во Романија, бидејќи триото во Слатина на домашен терен ќе го пречека Рапид Букурешт на Сара Ристовска.