САД и Русија ќе играат пријателски натпревари во Москва и Лос Анџелес

Претседателот на Ракометната федерација на Русија, Сергеј Шишкарев, откри дека се водат разговори за пријателски натпревари против САД.

Русија заедно со Белорусија од 2022 година не е дел од клупските и репрезентативни натпреварувања под капата на ЕХФ и ИХФ, па најчесто овие две селекции играат меѓусебе во репрезентативните недели.

Според пишувањата на „Брз Центар“, овие натпревари би требало да се играат во Москва и Лос Анџелес, а би биле од голема полза за промоцијата на ракометот пред Олимписките игри во САД во 2028 година.

Во САД во 2026 година ќе има ракометни турнири и во машка и женска конкуренција со европски топ клубови, па сигурно интересот за овој спорт ќе се зголеми пред Олимписките игри.