Ројевиќ го пофали Ѓукиќ и им порача на Шпанците: Ќе мора добро да се испотат против нас

Машката репрезентација на Србија со нов селектор, Борис Ројевиќ, започна нова ера и ќе се обиде во баражот за СП 2025 да и парира на силната Шпанија.

За старт во ЕХФ неделата, Србија одигра две пријателски средби со Полска, и иако во изменет состав, двете ги доби.

Ројевиќ во своето деби не сметаше на Милосављевиќ, Кукиќ, Воркапиќ, Марсениќ, Цупара…но и новите момци покажаа дека имаат квалитет.

„Не е лесно да се победи во два меча по ред против ист ривал, сеедно во каков состав бил. Имаме квалитет каков што имаме, но момците даваат максимум, мотивирани се, слушаат, разговараат…Беше напорно минатата недела, но сите добро си го одработија својот дел. Повратникот Дарко Ѓукиќ на двата меча одигра навистина феноменално, постигнуваше голови од мали агли, Милосављев бранеше одлично. Шпанците ако сакаат да не минат во баражот, ќе мора добро да се испотат“, вели Ројевиќ за Журнал.

Србија ја доби Шпанија за место на СП 2025, а доколку биде елиминирана ќе има шанса и преку вајлд-карта да се избори за ново учество на големо натпреварување.