Шампионот на Македонија, Ѓорче Петров, рутински го одработи гостувањето кај Астибо и славеше со убедливи 43-19.
Предводничка во нападот на „лавиците“ беше Емилијана Ризоска која постигна 14 погодоци во мрежата на штипјанки.
Победата беше најавена уште по првото полувреме кога гостинките водеа со 26-11, а вториот дел беше само одработен рутински.
Освен Муратовиќ, како и голманките Кицеска и Враниќ, сите од ракометарките на Ѓорче Петров се запишаа во листата на стрелците.
Во составот на Астибо, прво име беше Марија Анчева со осум погодоци.