Ристовска добива друштво од ЦСКА Москва во Букурешт

По ангажирањето на македонската репрезентативка Сара Ристовска, романскиот вицепрвак Рапид Букурешт се засили со нова ракометарка од ЦСКА Москва.

Во богатиот проект од Романија ќе настапува и репрезентативката на Русија, Полина Горшкова, која игра на позицијата лево крило.

Горшкова има настапувано и за Лада Тољати, во овој клуб го мина најголемиот дел од својата кариера, а од сезона 2019/20 е членка на московската екипа.

Искусната ракометарка е стандардна репрезентативка на Русија и на репрезентативно ниво најголемиот успех го постигна на Олимписките игри во Токио кога со „зборнаја“ го освои сребрениот медал.

Русинката во Рапид Букурешт ќе биде замена за француската репрезентативка Лаура Канор.

Претходно тимот предводен од шпанскиот стратег Давид Гинеста се засили со Милена Раичевиќ и Стефанија Стојка.

Трансфер бомба: Сара Ристовска се сели во Рапид Букурешт!