Се зголеми елитното друштво во Македонија – четворица тренери добија Мастер коуч лиценци

Друштвото на тренери во Македонија кои имаат Мастер Коуч лиценца изминатиот викенд се зголеми за уште четворица.

Тренерот на германскиот Интерактив, Филип Лазаров, потоа претседателот на Бутел Скопје, Бојан Спасовски, како и Мики Панев и Дејан Коцев добија Мастер Коуч лиценци и можат да водат екипи од највисок ранг.

На тренерскиот семинар што го организираа Ракометниот Сојуз на Србија и ЕХФ беа присутни уште низа тренери од Балканот.

Меѓу нив и некогашниот вардарец, Милан Косановиќ, потоа актуелниот стратег на Динамо Панчево, Никола Јаневски, потоа асистентот во ЧСМ Букурешт, Јулија Куреа…