РФМ го одреди домаќинот – еве каде ќе се игра натпреварот меѓу Македонија и Словенија

Ракометната федерација го одреди градот-домаќин и местото на одигрување на третиот натпревар од квалификациите за ЕП 2026 на машката репрезентација.

Македонија ќе ја пречека селекцијата на Словенија во Скопје во досегашниот дом – СЦ „Борис Трајковски“.

Натпреварот е закажан за 12 март, среда, додека македонската куќа на ракометот ќе ја одреди саатницата дополнително.

Македонија досега има победа над Естонија и пораз од Литванија, но и покрај тоа е на добар пат да обезбеди учество на уште големо натпреварување – ЕП 2026 во Данска, Шведска и Норвешка.