РФМ ги „бркаше“ официјалните лица за да ја поднесе жалбата!

Ракометната федерација на Македонија сепак успеа да ја испрати жалбата за лошото судење на данските судии Мадсен и Хансен, и очекува ИХФ да се изјасни за нивното делење на правдата. Имаа проблеми нашите претставници да ја најават жалбата во официјалниот записник, но таа е сепак испратена до ИХФ.

Натпреварот со Холандија беше одигран на 17 јануари, а го загубивме со 32-37, но имаше многу негодување за делењето на правдата на данските судии. Според информациите на 24Ракомет, веднаш по натпреварот претствниците на РФМ не можеле да ја најават жалбата бидејќи официјалните лица од средбата каде тоа треба да се најавува, едноставно „исчезнале“.

Од ИХФ првично одбивале да ја стават најавата за жалба во официјалниот записник, нивните претстсвници ги немало во канцеларијата во салата, и сите се „изземале“ од одговорност. За потоа да им биде кажано на нашите претставници дека поминал офиицајалниот рок за најавување жалба за повеќе од 20 минути

Сепак притисокот продолжил, па сите видеа кои биле во траење од повеќе од 7 минути со сите грешки на судиите, „намерни и ненамерни“ се испратени до ИХФ, со образложението зошто РФМ се жали и со одлуки досудите данските судии. Но, досега нема одговор на нашата жалба.

Македонија и покрај поразот од Холандија, потоа ја совлада Гвинеја и се пласираше во главната рунда на СП, а таму во првото коло ремизираше со Австрија. Следен предизвик за нашата репрезентација е натпреварот со Катар.

РФМ ќе се жали на арбитражата на Данците!