Трансферот на германскиот репрезентативец Андреас Вулф во Кил од полскиот Келце е најскапиот во ракометната историја!
Своевремено ПСЖ и плати на Барса 1.500.000 евра за трансферот на Никола Карабатиќ, а сега Кил „искешира“ 1.600.000 евра за Келце плус 400.000 евра ако „зебрите“ во наредните четири сезони освојат титула, дознава 24Ракомет.
Според договорот, доколку Кил освои титула во Лигата на шампионите, Лигата на Европа или Бундес лигата во следните четири сезони додека трае договорот на Вулф, Келце ќе добие 400.000 евра како бонус.
Неговата месечна нето-плата е 45.000 евра, што го прави меѓу најплатените ракометари, а тоа значи дека ќе заработи 2.160.000 милион евра ако го одработи договорот до крај.
Ако на оваа сума се додаде онаа за оштетата и бонусите, тогаш трансферот на Вулф е вреден 4.160.000 евра!