Kако дел од подготовките за настапот на Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија, женската репрезентација на Македонија ќе настапи на два турнири – „Трофеј Карпати“ во Клуж и „Кроација Куп“ во Пореч.
Организаторите на еден од најстарите европски турнири во Романија го објавија распоредот на натпреварите.
Покрај домаќинот и Македонија, ќе играат уште селекциите на Словачка, Турција, Швајцарија и Бразил, а секоја репрезентација ќе има по три проверки, односно три меча.
Македонија стартува против домаќинот Романија в петок на 25 октомври од 16:30 часот, в сабота ќе играме против Словачка, додека в недела на 27 октомври е пресметката против Швајцарија – еден од домаќините на ЕП 2024.
По настапот на „Трофеј Карпати“, женската репрезентација ќе биде дел и од „Кроација Куп“ во Пореч, каде ќе игра против домаќинот Хрватска и против Србија.
Трофеј Карпати, распоред на натпревари:
25 октомври
13:30, Бразил – Словачка
16:30, Романија – Македонија
18:30, Швајцарија – Турција
26 октомври
13:30, Македонија – Словачка
16:30, Романија – Швајцарија
18:30, Бразил – Турција
27 октомври
11:30, Швајцарија – Македонија
13:30, Турција – Словачка
16:30, Романија – Бразил