Распоред плеј-оф: Шампионот ќе се круниса на 1 јуни, најголемите дерби двобои во февруари и април

По извлекувањето на натпреварувачките броеви на екипите што ќе играат во разигрувањето за титулата, познат е распоредот на натпреварите.

Пролетниот дел од сезоната во елитната конкуренција ќе стартува на 10/11 февруари со најголемото дерби на македонскиот ракомет.

Еурофарм Пелистер ќе го пречека Вардар во Битола на 10/11 февруари, додека вториот натпревар во Скопје ќе се игра во рамките на 8 коло на 9/10 април.

Практично во секое коло ќе има најмалку по еден натпревар, па ќе биде интересно и на средбите на Тиквеш, Охрид, Бутел Скопје, Пролет, Струга…

Последната рунда од Супер лигата е планирана за 1/2 јуни, а тогаш ќе биде крунисан и шампионот.