Распоред на сите пријателски натпревари – еве кој против кого ќе „тестира“ пред ЕП

Сите 24 репрезентации што ќе бидат дел од Европското првенство во Германија ќе одиграат најмалку по два, а најмногу по пет натпревари.

Натпревари ќе има на 27, 28 и 29 декември, па следува пауза од пет дена, па од 4 до 8 јануари следува нова тура пријателски средби.

Програмата ќе ја отворат Полска и Аргентина на 27 декември, додека ќе ја затворат Австрија и Исланд.

Македонската репрезентација ќе има три проверки – на 29 против селекцијата на Црна Гора, како и на 4 и 5 јануари против нашиот јужен сосед.

Европското првенство стартува на 10 јануари и ќе трае до 28 јануари.