Рапид немоќен во Германија, Подравка на Обрван несреќно загуби во Букурешт

Денеска беше комплетирано 12. коло во Лигата на шампионите во женска конкуренција.

Свој настап имаше македонската репрезентативка Сара Ристовска, која заедно со Рапид Букурешт немаа сили за сензација во Германија.

Романскиот тим беше поразен од Лудвигсбург со шест гола разлика, 30:24 (17:14), па така за пласман во осминафиналето сам ќе си ја одлучува судбината.

Ристовска во дадената минутажа успеа да постигне два погодоци од четири обиди, додека најефикасна во победничката екипа беше Ксенија Смитс со седум погодоци.

Рапид Букурешт во последното коло од групната фаза ќе гостува во Подгорица кај Будуќност.

Подравка на Ивица Обрван несреќно загуби од ЧСМ Букурешт, 31:30 (16:16), но клубот од Копривница е сигурен патник во осминафиналето.

Од групата А директен пласман во четвртфиналето обезбедија Мец и Ференцварош, а од група Б сигурен патник во ТОП 8 е Ѓер.

Лига на шампиони – жени, 12. коло, резултати:
Кристијансад – Ѓер 0:10 (службено)
ЧСМ – Подравка 31:30
Есбјерг – Брест 36:27
Лудвигсбург – Рапид 30:24
Будуќност – Оденсе 24:33
Ференцварош – Сторхамар 26:25
Крим – Бистрица 28:25
Мец – Никобинг 30:22