Раховец и Андоновски без конкуренција во Косово

Тимот на Раховец, каде што тренер е Македонецот Горан Андоновски, реди само победи во шампионатот на Косово.

Раховец славеше на домашен терен во дербито против составот на засилениот Кастриоти со 35-32.

Ова беше 12 победа на 12 натпревари во домашното првенство за Раховец и Андоновски, кои имаа задоволителен настап и во Европскиот Куп, каде го елиминираа Бохолт, а го намачија романскиот тим Баја Маре.

За Раховец и македонскиот стратег до крајот на есенската полусезона остануваат уште средбите со Вјоса и Љапи, па голема е веројатноста да ја завршат без ниту еден загубен бод.