Радовиш доби бразилски шмек – Сантош е најновото засилување

Повратникот во суперлигашката конкуренција, тимот на Радовиш, кој ќе игра во плеј-аут фазата, продолжува да се засилува за најважните битки.

Ново име во редовите на Радовиш е Бразилецот Александер Антонио Сантош, играч кој што може да одигра како десен бек и десно крило.

30-годишниот Сантош во македонскиот суперлигаш пристигна од косовскиот клуб Кастриоти, а освен на Косово, во својата интернационална кариера настапуваше уште во Шпанија и Португалија.

Неговото деби во дресот на Радовиш би требало да биде овој викенд на гостувањето во Велес кај Борец ФЛ во натпревар од 19. коло.

Радовиш претходно ги ангажираше Ивица Илиев, Славјан Паунов, Стефан Кочаров, Томче Трајчевски, Петар Цветковски…