Десното крило Богдан Радивојевиќ и во наредната сезона ќе биде дел од шампионскиот состав на Еурофарм Пелистер.
Српскиот репрезентативец одлично се снајде во Битола по преминот од ПИК Сегед и веднаш ги освои срцата на навивачите.
31-годишниот Радивојевиќ ја продолжи соработката со битолскиот клуб за уште една сезона, заклучно со јули 2025 година.
Во својата богата кариера Радивојевиќ ги носеше дресовите на Партизан, Флензбург, Рајн Некар Левен и ПИК Сегед.
Претходно Еурофарм Пелистер ја продолжи соработката и со десниот бек Нејц Цехте, а ги донесе голманите Никола Митревски и Филип Ивиќ.