ПСЖ по едногодишна пауза обезбеди финале во Купот на Франција

Ракометарите на ПСЖ обезбедија финале во Купот на Франција, откако во возбудливото полуфинале го совладаа Монпелје со 35:32 (19:18).

Победникот на овој натпревар беше решен во последната минута, во која при предност на „светците“ од 33:32, тимот на Монпелје остана без целосна фокусираност.

Во второто полуфинале ќе играат екипите на Тулуз и Нант. Овој натпревар е на утрешната програма со почеток од 20:30 часот.

Ланската сезона трофејот во Купот на Франција го освои екипата на Нант по триумфот над Монпелје од 39:33.