Првпат по 16 учества: Македонија без интернационалец на големо натпреварување!

Селекторот Кирил Лазаров го објави скратениот список на ракометари на кои ќе смета за настап на СП 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.

На списокот има 20 ракометари и сите доаѓаат од домашното првенство, а за првпат по 16 учества на големи натпреварувања (осум на ЕП и осум на СП), Македонија ќе нема интернационалци во составот.

На поширокиот имаше тројца – Талески од Бенфика, Карапалевски од Ваљадолид и Томовски од Потсдам, но ниту еден од нив не се најде на скратениот список, со тоа што чуварот на мрежата е меѓу резервите.

Од повиканите ракометари има 12 од „сино-белиот“ тим од Автокоманда, шестмина од шампионот Еурофарм Пелистер и двајца од Вардар.

Ракометарите се собираат на 22 декември, потоа ќе се подготуваат во Србија, на домашно тло и во Хрватска.

На СП 2025, Македонија е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја.

Лазаров избра тим за СП: Без Талески и Томовски на Мундијалот!