Првиот меч со Грците од отворен тип – навивачите ќе имаат шанса да ги испратат ракометарите на ЕП

Машката репрезентација на Македонија ќе одигра најмалку три пријателски натпревари пред стартот на Европското првенство во Германија.

На 29 декември ривалот е Црна Гора, но тој дуел се игра во Стара Пазова, а се прават напори да се најде ривал и за 27 декември – можеби некој клуб од Србија или репрезентација што ќе се подготвува таму.

На 4 и 5 јануари се средбите со Грција во СЦ „Борис Трајковски“. Првиот меч со јужниот сосед стартува од 17:00 часот, а ќе биде од отворен тип и навивачите ќе може да ги гледаат во живо своите миленици.

Втората средба ќе биде од затворен тип и селекторите веројатно ќе ги испробуваат тактичките варијанти пред стартот на Европското првенство.

Македонија е во група со Германија, Франција и Швацјарија, а првата средба е на 10 јануари против Французите на стадионот „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.