Прва радост за дебитантот Бисинов

Со гол во последните 30 секунди од натпреварот новиот суперлигаш Бисинов од Велес ја почна сезоната, победувајќи ја како гостин Струга со 31-30 (14-16). Имаа напад за водство домаќините, но направија грешка, а Зоран Стојановски во контра го постигна четвртиот гол на мечот. Потоа имаше уште 20-тина секунди за напад на Струга, но ударот заврши покрај голот.

„Десетката“ на Игор Илиев беше ударна за гостите кои во последните десет минути дадоа само пет гола. Во голем дел од средбата водеа домаќините, иако и Бисинов имаше свои минути. А особено кога беше најпотребно ја анулираа предноста на домашните, и се вратија во игра.

Највисоката предност за Струга беше 14-10 во првото полувреме, но во второто само неколкупати имаа „плус 2“. Бисинов откако успеа да се врати во игра, „му дишеше во врат“ на домаќинот и ја чекаше шансата. Поведоа велешани и со 26-25, а ма тоа беше период во кој се играше „гол за гол“.

Кога најмалку требаше да се згреши, тоа го направи Струга при резултат 30-30, а Стојановски релизираше за водство кое потоа беше заверено во победа.

Кај гостите десет гола даде Ивица Илиев, а пет постигна Марко Трајковски. Кај домашните осум гола даде Тодор Јанкуловски.