Деспина ги задржува Пајкаровска, Христоска, Конеска…Гичева ќе игра и наредната сезона

Тимот на Деспина веќе го крои ростерот за претстојната натпреварувачка сезона во прволигашката конкуренција.

Откако Мери Гичева најави дека ќе игра и нареднаата сезона, која би требало да и биде последна во богатата кариера, уште четири ракометарки ги продолжија соработките.

Во Прилеп остануваат голманките Ивона Ристевска и Деспина Пајкароска, левиот бек Матеа Христоска, како и пикерот Ивана Конеска.

Деспина минатата сезона ја заврши на четвртото место на табелата со 26 бодови, а наредната сезона ќе има поизрамнета конкуренција во Првата лига со Пелистер, Овче Поле СУ, Стружанка…