Познати групи за „турнирот на шампионите“ во Добој

Заедно со Струшкиот турнир, еден од најдолговечните ракометни турнири е оној во Добој, Босна и Херцеговина.

Оваа година, од 12 до 15 август ќе се одржи 57. издание на традиционалниот турнир, кој привлече силни екипи од Европа, Африка и Азија.

Во групата А ќе играат германскиот Мелсунген кој го освои трофејот во Лигата на Европа, египетскиот Ал Ахли и домаќинот Слога Добој.

Во групата Б ќе бидат португалскиот шампион Спортинг Лисабон, репрезентацијата на Катар предводена од Веселин Вујовиќ и словенечкиот вицепрвак Слован Љубљана.

Минатата година екипата на Веспрем го освои трофејот во Добој, но оваа година нема да настапи и да има можност да го брани.