ЖРК Ѓорче Петров продолжува со комплетирање на ростерот за следната сезона, во која клубот ќе ја брани двојната круна на домашната сцена и ќе настапува во Лига Европа. Ново име на листата ракометарки што остануваат во шампионскиот тим е голманката Марија Јовановска, која го продолжи договорот со „лавиците“.
Јовановска и натаму ќе биде дел од голманската линија на македонскиот шампион. Сезонава беше дел од успехот на клубот во кој се освои двојната круна. Младата голманка, родена во Куманово во 2004 година, во Ѓорче Петров пристигна од ЖРК Куманово, каде што претходно доби сериозна минутажа и стекна искуство на домашната и европската сцена. Таа веќе има настапи во европските натпреварувања, прво со Куманово, а потоа и со Ѓорче Петров.
Јовановска е поранешна кадетска и младинска репрезентативка на Македонија, а беше дел и од сениорската репрезентација на Европското првенство во 2022 година, кое се играше и во Македонија.
Еден од највпечатливите моменти во нејзината млада кариера беше во 2023 година, кога една нејзина одбрана против Данска беше избрана меѓу најдобрите одбрани на денот од ЕХФ.
____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет.
Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________























