Ракометарките на Црвена Звезда го освоија првиот трофеј во клупската историја, откако ја добија драмата во финалето на Купот на Србија.
Избраничките на некогашниот селектор на Србија, Саша Бошковиќ, славеа во финалето против Железничар Инџија со 32-30.
Тоа се случи дури по 70 минути игра и по изведувањето на пенали. Во регуларниот дел мечот заврши 26-26, а по продолженијата беше 28-28.
За МВП на финалниот меч од Купот на Србија беше прогласена Александра Стамениќ од Црвена Звезда. Таа го постигна голот за реми на крајот од регуларниот дел и го однесе мечот во продолженија.
Во продолженијата и двете екипи имаа шанси за победнички погодоци, но не погодија, па мораше да се шутираат пенали.