Прв интернационален предизвик: Теодора Дукоска потпиша за словачкиот шампион!

Најдобриот десен бек во Супер женската лига за минатата сезона во Ол Стар тимот на 24Ракомет, Теодора Дукоска, во новата сезона ќе го има првиот интернационален предизвик.

Дукоска потпиша за словачкиот шампион Јувента Михаловце и веќе ги започна подготовките со новиот тим.

Македонската репрезентативка потекнува од Струга, покрај во матичниот клуб Стружанка, настапуваше во два наврати за Чаир и во два наврати за Ѓорче Петров.

Покрај настапите со Јувента Михаловце во домашното првенство и во регионалната МОЛ лига, Дукоска и нејзиниот тим ќе играат и во ЕХФ Европскиот Куп.