Довчерашниот член на Охрид, Даниел Андоновски, ќе го има првиот интернационален предизвик.
Левиот бек во понатамошниот дел од неговата кариера ќе настапува во шампионатот на Италија.
Младиот ракометар ќе биде дел од Трст, клуб кој се наоѓа во долниот дел на табелата во италијанскиот шампионат, но има големи шанси да обезбеди пласман меѓу најдобрите седум екипи.
Тимот на Трст со доаѓањето на Андоновски ќе добие на квалитет, бидејќи охриѓанецот може да настапува на сите бековски позиции, но силна страна му е и играта во дефанзивата.
Андоновски во својата кариера го носеше дресот и на екипите на Прилеп и Вардар Јуниор.