Пролет со триумф ја заврши сезоната

Наместо во својата сала во населбата „Пролет“, поради технички проблеми во салата, тимот на Пролет последниот меч од сезоната против Струга го играше во Бутел. Можеби и затоа имаше малку гледачи на трибините за да го поздрават тимот кој гледано во однос на лани, сега имаше подобар резултат. Пролет, очекувани славеше со 33-27 (20-14) во меч кој ништо не решаваше.

Домашните сезоната ја завршија на седмото место, а веднаш зад нив беше Струга. Двата тима в година ќе играат во лигата што ќе брои десет екипи, а сега се бореа за што подобар пласман мешу осумте тима што се пласираа во плејофот. Гледано во однос на лани, Пролет е подобропласиран, има три победи и девет освоени бода. За Струга ова беше првпат да играат во плејофот, односно да разигруваат за титулата.

Мечот почна со иницијатива на домашните кои набрзина поведоа со 6-1, по што гостинскиот тренер Наум Танески мораше да бара тајм аут. Но, тешко се менуваше резултатот во корист на гостите, затоа што предност што ја направи Пролет остана во текот на целото прво полувреме. Разликата беше од 4 до 6 гола во корист на „жолтите“. Така беше и на полувреме, многу голови на двете страни и предност од 20-14 за Пролет.

Во второто полувреме немаше промени во темпото, бидејќи Пролет имаше водство, а Струга се обидуваше да го намали. Но, разликата во играта беше очигледна, па гостите немаа шанса нешто да сменат. Единствено што Пролет ја „раситни деетката“ и имаше двоцифрена предност.

Последните десет минути домаќините влегоа со „плус 9“, и сите чекаа што побрзо да заврши мечот во кој победникот беше решен во првите минути, а освен за престиж, средбната ништо не решаваше.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130141
2ПРОЛЕТ1430119
3СТРУГА1400140