Пролет се огласи по смртта на Јовиќ: Неговото име беше синоним за беспрекорен професионалец

Maкедонскиот ракомет утринава го потресе веста за ненадејната смрт на поранешниот репрезентативец и тренер на Пролет, Александар Јовиќ.

Од клубот изразија длабоко жалење и потенцираа дека неговото име ќе остане засекогаш запишано во историјата на Пролет.

„Пролет со огромно жалење ја информира јавноста за прераната смрт на нашиот тренер Александар Јовиќ. Сите сме во шок од информацијата добиена утрово, дека Јовиќ го во раните утрински часови го загубил животот, иако само неколку часа претходно ги водеше тренинзите на нашата екипа. Немаме зборови да ја опишеме загубата, не само за нашиот клуб, туку и за целокупниот македонски ракомет, врз кој Ацо Јовиќ остави длабока трага и како играч и како тренер. Александар Јовиќ помалку од една година беше предводник на нашата прва екипа и работеше со младинските категории во тимот, секогаш импресионирајќи со желбата да се помогне на секој играч да напредува во кариерата. Имено на Јовиќ засекогаш ќе остане запишано во историјата на нашиот клуб, како синоним за беспрекорен професионалец кој живееше за ракометот“, напишаа од Пролет.

Јовиќ играше за пет шампиони на Македонија – Борец, Преспа Јафа Промет, Металург, Вардар и Пелистер, а како тренер ги водеше Металург 2, Металург, Еурофарм Пелистер 2, Еурофарм Пелистер и Пролет.

Тажна вест – почина Александар Јовиќ!