Преспа Вардар ги освои бодовите во Кичево

Ракометарите на Преспа Вардар на гостувањето во Кичево против истоимената екипа ги освоија бодовите, откако триумфираа со 25:24 во натпревар од 4. коло од прволигашкиот плеј-аут.

За Преспа Вардар денешната победа беше втора во плеј-аут фазата, додека тимот на Кичево го запиша вториот пораз.

Иако домаќините водеа во првиот дел, на пауза имаа 14:11, сепак гостите од Ресен се вратија во вториот дел и го направија натпреварот повозбудлив.

Голот за победничката екипа го постигна Фузевски на седум минути пред крајот. Домашниот тим имаше шанса да освои барем бод, но во последните седум минути не успеа да реализира.

Најефикасен во победничката екипа беше Мартин Мазниковски со седум погодоци, додекај кај поразениот тим се истакна Стефан Стефаноски, кој зад своето име запиша десет реализации.