Предизвик за Металари и Николовски – ќе судат двобој меѓу двете најдобри азиски екипи

Судиската двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски денеска ќе има нов предизвик на шампионатот на клубови од земјите од Персискиот Залив.

Металари и Николовски, кои исто така судеа во групите од овој шампионат, ќе ја делат правдата на полуфиналето меѓу екипите на Ал Араби и Ал Кувајт.

Ова ќе биде уште една шанса за Металари и Николовски да ги покажат своите квалитети.

На овој шампионат играат осум екипи од четири држави, а финалниот ден ќе биде на 5 март.