Пред 17 години го бранеше голот на Металург, сега ќе ги тренира голманите на Војводина

Некогашниот голман на Металург, Ненад Дамјановиќ, е нов тренер на голманите на спрскиот првак Војводина.

Дамјановиќ долги години работеше во унгарскиот ПИК Сегед, но ова лето се врати во татковината и ќе работи во Нови Сад.

Покрај него во стручниот штаб на тренерот Борис Ројевиќ остануваат Дејан Аничиќ, Александар Тунгуз и Милутин Лучиќ.

Дамјановиќ во играчката кариера освен во Автокоманда, бранеше во Синтелон, Партизан, Војводина, Врбас, Спартак Суботица, а по ангажманот во Македонија бранеше за романските Темишвар и Решица.

Војводина во новата сезона ќе игра директно во групната фаза од Лигата на Европа и ќе биде во четвртиот шешир пред ждрепката.

Дамјановиќ во Војводина ќе работи со голманското дуо Андреј Трнавац и Фран Лучин.