Францускиот шампион ПСЖ објави дека е продолжена соработката со левиот бек Елоим Пранди за уште две сезони.
Неговиот актуелен договор истекуваше во 2026 година, но тој беше продолжен за уште две сезони, па Пранди ќе остане во Париз најмалку до 2028 годна.
Некогашниот играч на Иври и Ним, ги брани боите на „светците“ од Париз од 2020 година и стана еден од најважните алки во ростерот на Раул Гонзалес.
ПСЖ ќе биде противник на македонскиот првак Еурофарм Пелистер во новата сезона од Лигата на шампионите.