Вујовиќ: Вардар е најголемиот клуб што го дала Македонија!

Двократниот европски првак Вардар ќе го одбележи 65-годишниот јубилеј со вистински спектакл, кој ќе се одржи пред и за време на двобојот против „сино-белите“ од Автокоманда.

По тој повод, на навивачите им се обрати легендарниот Веселин Вујовиќ – поранешен тренер на „црвено-црните“ и миленик на навивачите.

„Ве повикувам да дојдете на натпреварот Вардар – Алкалоид. Тоа е меч на кој ќе се одбележат 65 години од основањето на клубот, најголемиот клуб што го дала Македонија. Ги повикувам сите навивачи, сите Комити и сите љубители на ракометот за заедно да го прославиме 65. роденден“, порача Вујовиќ.

Натпреварот ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:00 часот. Организаторите најавуваат богата програма, а дури час и половина пред почетокот ќе биде отворена фан-зона на платото пред арената, со различни активности за посетителите, поддржани од спонзорите на клубот.

Очекувањата се за вистинска ракометна атмосфера и достојно одбележување на јубилејот на трофејниот македонски клуб.