Најдобриот ракометар во светот, Матијас Гидсел, доживеа непријатен инцидент за време на церемонијата на доделување на трофејот во Купот на Германија, откако дел од конфетите се запалиле и паднале врз него.
Инцидентот се случи по финалниот натпревар, во кој триумфираше тимот на Фуксе Берлин. Зад подиумот биле активирани уреди за конфети и пиротехника во ист момент, што предизвикало дел од хартиените конфети да се запалат.
Неколку запалени парчиња паднале врз Гидсел, но тој брзо реагирал и ги оттурнал.
„За момент бев во шок, ми се чинеше дека ми се запали дресот, но за среќа се сè заврши добро. Можеби имам мала изгореница или дупка на дресот. Церемонијата беше поопасна и потешка од самиот натпревар“, изјави данскиот ракометар за германските медиуми.
За среќа, инцидентот заврши без посериозни последици, но остави дамка на свечениот момент по освојувањето на трофејот.

























