Познато е кога „сино-белите“ од Автокоманда ќе го бркаат најголемиот европски успех

Европската ракометна федерација ги потврди датумите и саатниците за двомечот од осминафиналето на Европскиот Куп меѓу „сино-белите“ од Автокоманда и италијанскиот Бриксен.

На патот кон најголемиот европски клупски успех тимот предводен од Кирил Лазаров најпрво ќе гостува во Италија.

Таму мечот меѓу Бриксен и „сино-белите“ на Лазаров е закажан за 15 февруари со почеток во 19:00 часот.

Реваншот по кој ќе биде познат патникот во четвртфиналето ќе се одигра во салата во Автокоманда на 22 февруари од 18:00 часот.