По триумфот над Украина, машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе има нов предизвик на Европското првенство.
Избраниците на Наум Танески ќе се соочат со Грција, која вчера славеше на пресметката со Италија. Македонскиот селектор реши на овој натпревар да настапат истите 16 ракометари што вчера ја победија Украина.
Победа на овој натпревар за Македонија значи сигурен опстанок во елитата, пласман на младинското ЕП 2026 и разигрување за пласман од 17 до 20 место, бидејќи ќе има четири бода на табелата во групата Л.
Натпреварот меѓу Македонија и Грција се игра денеска во салата „Верде“ во Подгорица со почеток во 14:30 часот.