Вечните ривали, Еурофарм Пелистер и Вардар, денеска ќе се сретнат во рамките од 5. коло од суперлигашкиот плеј-оф.
Двете екипи во досегашниот тек од плеј-оф фазата немаат загубено бод, па така денешниот натпревар во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе има голема тежина.
Победникот од овој дуел ќе направи сериозен чекор кон шампионската титула. Пелистерци, како и на сите дерби дуели, ќе имаат голема поддршка од трибините.
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, реши за овој натпревар да ги изостави голманите Давид Брестовац и Василије Печурица, бековите Алем Хаџиќ и Павле Петровиќ, а надвор од комбинација се повредените Петар Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски.
Гостинскиот тим ќе настапи без кружниот напаѓач Ларс Коиј, средните бекови Матија Николиќ и Кристијан Стаменковиќ, голманот Марко Богдановски, левото крило Марио Стојановски, десното крило Мигел Пинто, како и без повредениот Нилтон Мело.
Еурофарм Пелистер: Урош Борзаш, Никола Митревски, Богдан Радивојевиќ, Жарко Пешевски, Самоил Ристевски, Филип Кузмановски, Усама Хосни, Павле Атанасијевиќ, Нејцт Цехте, Ненад Костески, Дејан Манасков, Домен Тајник, Емилијан Ѓорговски, Илија Абутовиќ, Филип Ивиќ и Мохамед Шебиб.
Вардар: Томислав Јагуриновски, Михаил Аларов, Томче Стојановски, Гоце Георгиевски, Хансер Родригез, Младен Крсманиќ, Мигуел Еспиња, Марио Танкоски, Милан Лазаревски, Дмитро Горига, Марко Срдановиќ, Стефан Петриќ, Ашраф Маргели, Ален Ќосевски, Вуко Борозан и Васил Гогов.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток од 18:30 часот.