Македонскиот вицешампион Вардар денеска во Португалија ќе ја брка втората победа во групната фаза од Лигата на Европа.
Вардарци во натпревар од 4. коло ќе се соочат со Порто, кој минатата недела во Скопје триумфираше против „црвено-црните“ со 26:22.
Стојанче Стоилов, кој ќе го води Вардар на овој натпревар, како и Магнус Андерсон, тренерот на Порто, ги одредија составот.
Во „црвено-црниот“ тим се враќа Марио Танкоски, а ќе биде отсутен Нилтон Мело, кој се повреди на дуелот со Тиквеш. Во домашниот состав ќе играат истите 16 ракометари што беа дел од мечот во Скопје.
Португалскиот тим на свое конто има три бода, додека Вардар два, оние кои беа освоени на натпреварот против Валур.
Доколку Вардар триумфира на денешниот натпревар во Португалија, тогаш ќе ги зголеми шансите за пласман во следната фаза во второто по ранг европско натпреварување. Ако загуби, за место во следната рунда, ќе мора два пати да победи во последните две средби и да чека два порази на Порто.