ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Пелистерци без Тајник и Гедбан, но со Кизиќ, Алборг без капитенот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска играат против данскиот вицепрвк Алборг во рамки од 13. коло од Лигата на шампионите.

За актуелниот шампион на Македонија натпреварот против Алборг ќе биде последниот домашен натпревар во елитата за оваа сезона.

Тренерот Бранко Ангеловски за овој натпревар нема да смета на Цветан Кузманоски, Павле Атанасијевиќ, Калифа Гедбан и Домен Тајник, додека кај Алборг фали капитенот Рене Антонсен.

На првиот натпревар, кој беше одигран на почетокот на тековната сезона, убедлива победа оствари Алборг, триумфираше со 38:23.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Алборг ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.