Машката младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го има вториот предизвик на Европското првенство во Романија.
На мегдан на избраниците на Игор Илиевски ќе биде селекцијата на Хрватска, која исто како и Македонија со пораз го отвори ЕП.
На овој меч Македонија мора да слави за да ги задржи шансите за место во главната рунда, односно во ТОП 12. Селекторот одлучи да играат истите 16 ракометари од вчера, па на трибините ќе останат Фехми и Симоновски.
Лидер на Хрватите е левиот бек од Нексе, Матко Мославац, кој играше и во Лигата на Европа минатата сезона и даде 47 гола, а тука се и крилата од Дуго Село, Петар Шпрем и од Фуксе Берлин, Александар Шимичиќ, кои се одлични реализатори.
Meчот се игра од 13:30 часот во Клуж, а во вториот меч од нашата ќе има скандинавско дерби кое многу веројатно ќе ја реши првата позиција во групата.
























