ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еве со кои 16 ракометарки ќе настапи Македонија на реваншот против Шпанија

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра четвртиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024.

Ракометарките на Македонија повторно ќе се соочат со Шпанија, овојпат на гостински терен.

Искусните репрезентативки на Шпанија на првата средба во Скопје славеа со 31:19 и сосема извесно ќе го освојат првото место во квалификациската група.

Селекторот Кристијан Грчевски го одреди составот за денешниот дуел, во кој нема да настапат искусните Елена Ѓорѓиевска и Сара Ристовска, како и голманката Слободанка Кицеска.

Шанса на теренот ќе добијат Марија Јанкуловска, Ива Божиноска и Ива Младеновска, кои не играа на првиот квалификациски натпревар против „црвената фурија“.

Натпреварот меѓу Шпанија и Македонија ќе се одигра во Ланцароте со почеток од 18:00 часот.