Во битката за пласман од 9 до 12 место на Европското првенство за младинците на Македонија останаа уште два меча.
Првиот е денеска против селекцијата на Унгарија со почеток во 14:20 часот, а селекторот Раде Стојановиќ не направи промени во составот.
Тодор Узунчев и овојпат остана надвор од комбинација за настап, па истите ракометари што играа досега, ќе играат и против Унгарија.
Судии на овој натпревар што ќе се игра во салата „Три Лилије“ во Лашко ќе бидат Ислаѓаните Петурсон и Трастарсон, а делегати се Пожежник од Словенија и Фернандез од Шпанија.
Доколку славиме против Унгарија в недела ќе играме против победникот од дуелот меѓу Франција и Хрватска за 9 место, доколку загубиме ќе се соочиме со поразениот од истиот двобој за 11 место.