, Norway vs Sweden, Men's EHF EURO 2024 Germany, Hamburg, Germany, 23.01.2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Познати се сите полуфиналисти на ЕП!

По одигрувањето на натпреварот меѓу Франција и Унгарија, познати се сите полуфиналисти на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германија.

Бидејќи Унгарија загуби од „триколорите“ со 35:32, последниот патник во полуфиналето е токму домашната репрезентација, која остана на второто место во првата група.

Германија вечерва игра против Хрватска, но сега овој натпревар за „панцирите“ нема да има никакво значење, но ќе посакуваат со победа да ја затворат главната фаза на континенталниот собир.

Домаќините за ривал во полуфиналето го имаат актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Данска.

Франција за пласман во финалето ќе се бори со Шведска, која на претходното ЕО го освои златниот медал.