Денеска заврши групната фаза во Лигата на шампионите во женска конкуренција, по што се познати сите патници во четвртфиналето и осминафиналето.
Директно место од групата А во четвртфиналето обезбедија екипите на Ѓер и Оденсе, додека во осминафиналето ќе играат ЧСМ Букурешт, Брест Бретањ, Битигхајм и Дебрецин.
Од првата група настапот го завршија Будуќност и Савехоф. За разлика од Будуќност, кој на 12 одиграни натпревари оствари две победи и едно реми, тимот на Савехоф не запиша ни бод.
Големиот проект на Рапид Букурешт доживеа елиминација и нема да го продолжи настапот во Европа, откако не успеа да се избори за едно од местата кои водат во осминафиналето.
Есбјерг го победи романскиот вицепрвак со 33:24 и избори директен пласман во четвртфиналето. Освен Есбјерг, тимот на Мец, исто така е четвртфиналист од групата Б.
Во осминафиналето од групата Б пласман обезбедија и актуелниот бранител на титулата Вајперс Кристијансад, вицепрвакот Ференцварош, Крим Меркарот и Икаст.
Лига на шампиони, 14 коло, резултати:
Ѓер – Брест Бретањ 32-32
Битигхајм – Будуќност 34-16
Савехоф – Дебрецин 27-36
Оденсе – ЧСМ Букурешт 29-25
Мец – Ференцварош 25-24
Рапид Букурешт – Есбјерг 24-33
Кристијансанд – Икаст 31-32
Крим – Заглебје 32-19
Осминафинални двојки:
ФТЦ – Брест Бретањ
Дебрецин – Вајперс
Битигхјам – Икаст
Крим – ЧСМ Букурешт