Познати се групите и паровите за женскиот Куп

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беа извлечени групите за Купот на Македонија во женска конкуренција.

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Куманово, кој во ланската сезона на Ф4 турнирот во Охрид го совлада Вардар во финалето, се наоѓа во првата група.

Куманово е во група со Скопје, Стружанка и незгодната екипа на Металург Автокоманда, па така за очекување е во финалето од оваа група да игра Куманово и новакот во Женската лига.

Група 1

  1. Скопје
  2. Куманово
  3. Стружанка
  4. Металург Автокоманда

Полуфинални парови:
Скопје – Металург Автокоманда
Куманово – Стружанка

Група 2

    1. Чаир Скопје
    2. Астибо
    3. Овче Поле Су
    4. Слободен

Полуфинални парови:
Чаир Скопје слободен
Астибо – Овче Поле СУ

Група 3

    1. Шампион
    2. Гевгелија
    3. Вардар
    4. Деспина

Полуфинални парови:
Шампион – Деспина
Гевгелија – Вардар

Група 4

  1. Спартак
  2. Пелистер
  3. Слободен
  4. Ѓорче Петров

Полуфинални парови:
Спартак – Ѓорче Петров
Пелистер слободен

Натпреварите од групите во Купот на Македонија ќе се одиграат на 22 и 23 март, а наскоро треба да бидат познати домаќините на секоја од четирите групи.