Ракометната федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 15 коло во Супер лигата.
Најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе мине со арбитража на најдобрите судии.
Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани за двобојот в сабота од 18:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.
Делегати-контролори ќе има двајца, а тоа ќе бидат Марјан и Драган Начевски.
Ова е втора сезонска премсетка меѓу двата најдобри тима од Македонија, а на првата во Скопје славеше Вардар со 27-24.